Wednesday, January 11, 2012

Зборови Некажани

     Толку многу имам да ти кажам, а сепак кнедлава во грло не оди ни надоле ни нагоре. Не знаеш колку ми требаш. За да ти кажам работи што на никој друг неможам да му ги кажам, што кај никој друг не ми се сигурни. Не знаеш колку ми фалиш. Ама од каде да имам јас право да ти го кажам сето ова. Има моменти, како овој сега, кога многу малку ми треба да ти пишам и да ти пратам бар дел од себе. Но секој пат си викам батали, остави да биде среќен! И после се само среќа ти посакувам. Немој да го расипуваш ова за него. Кој да знае може стварно си среќен. Среќен ли си?
     Сите ми викаат, остави, заборави, батали. Не пишувај. Можеби и ми е потешко што пишувам, само нешто плус да ме потсетува на тебе. И можеби се во право. Со секоја буква не ми е полесно. Сосема спротивно. Секој збор потежок е од претходниот. А желбата да ти ги кажам сите е неописливо голема и секој ден расте се повеќе и повеќе. 
     И неможам а да не се запрашам: Дали ако ти го кажам ова се, ќе ти смени нешто? Вреди ли да пробам? Па и така веќе немам што да изгбам!

No comments:

Post a Comment